Педесетгодишникот Д.Ј. во „пунто“ изгоре жив во својот автомобил на автопатот од Обреновац кон Белград откако возејќи во спротивна насока се судри со „хјундаи“, а потоа неговиот автомобил експлодираше. Српски Курир пишува дека неговиот 40-годишен сопатник Ненад К. се здобил со тешки повреди и лекарите се борат да го спасат.
Во „хјундаито“ се возела 30-годишната Драгослава П. која немала време да реагира кога возилото дошло во нејзин правец. Се здобила со тешки телесни повреди, но додека била при свест ја пренел во болницата во Земун.