More

    Хартиен тигар или опасен ѕвер: Колку е опасна новата варијанта на корона?

    spot_img

    Научниците ширум светот спроведуваат лабораториски експерименти за да ја разберат високомутираната варијанта BA.2.86 на ковид. Две групи, едната во Кина, другата во Шведска, објавија резултати кои покажуваат дека оваа нова варијанта на вирусот е „хартиен тигар“ наместо опасен ѕвер кој може да предизвика проблеми.

    Сепак, Си-Ен-Ен наведува дека дури и тој впечаток може да се смени со доаѓањето на нови резултати.

    BA.2.86, варијанта позната и како Пирола, предизвика голем интерес бидејќи изгледа радикално различно од која било друга варијанта на коронавирус што сме ја виделе досега.
    Оваа нова варијанта има повеќе од 30 промени во својот шилест протеин во споредба со неговиот најблизок „предок“, варијантата BA.2 и XBB.1.5, неодамна циркулирана варијанта.

    Иако првично имаше стравувања дека оваа варијанта може да биде голема закана како микронот што во одредени земји, како САД, доведе до најголем број хоспитализации и инфекции за време на пандемијата, овие првични резултати не укажуваат на тоа.

    CNN потсетува дека кога BA.2.86 за прв пат се појави кон крајот на јули, истражувачите почнаа да дејствуваат за да дознаат повеќе за новата варијанта. Оваа варијанта досега се проширила во најмалку 11 земји, а најмногу секвенци пријавила Данска. Експертите будно ја следат ситуацијата таму.

    Во првата серија на експерименти, користејќи ја крвта на вакцинирани глувци и вакцинирани и неодамна заразени луѓе, истражувачите во Кина открија дека BA.2.86 навистина изгледа различно на нашиот имунолошки систем во споредба со претходните варијанти и може да избегне дел од нашиот имунитет.

    Во друга серија експерименти, истражувачите од Универзитетот Каролинска во Шведска открија дека антителата во постарите примероци на крв не можат ефикасно да го запрат BA.2.86, но примероците од крв земени од донатори само една недела порано беа многу поефикасни.

    „Генерално, се чини дека ова не е ни приближно екстремна ситуација како кога се појави омикрон“, рече истражувачот Бенџамин Мурел, додавајќи дека нашите антитела не се целосно немоќни против оваа варијанта.

    Иако овие студии имаат свои ограничувања, експертите велат дека се охрабрени од овие рани резултати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img