Репрезентативецот на Панама Жилберто Ернандез (26) е убиен во пукање што се случи во неделата во провинцијата Колон во Панама.
Како што пренесуваат странските медиуми, двајца напаѓачи излегле од таксито и почнале да пукаат кон група луѓе, меѓу кои бил и несреќниот дефанзивец на Атлетико Индепедиенте.
Осум лица беа ранети, а Хернандез, за жал, им подлегна на повредите.
Ернандез имаше 26 години, а за репрезентацијата на Панама дебитираше во март годинава против Гватемала. Малку подоцна имаше можност да игра против актуелниот светски шампион на Аргентина и прва ѕвезда на „гаучосите“, Лионел Меси.