More

    Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека скандалот покажа зошто е укинат системот за распределба на лекови

    spot_img

    Димитар Ковачевски свесно лаже за монструозниот скандал со Онкологија – системот за следење лекови кој сега го најавува бил укинат од кадрите на СДС и ДУИ  во 2017 за да се случува ова, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по скандалот со лекови на Клиниката за онкологија.

    -Колку треба да е безочен Ковачевски, за вака да лаже и да манипулира за скандалот со крадењето и трговијата со цитостатици на клиниката за онкологија. Овој криминал не е „мултикултурен” како што вели Ковачевски, туку е директно поврзан со кадрите кои го раководат здравството и соодветната институција, кадри кои се негов избор или производ на неговиот коалициски пазар – велат од партијата.

    Оттаму потсетуваат дека систем за распределба на лекови е воведен во 2016 година, но бил укинат со доаѓањето на власт на СДСМ.

    -Ковачевски свесно лаже дека допрва ќе воведуваат систем за следење на лековите и терапијата, а не кажува дека ист таков систем бил воведен во клиниката за Онкологија во 2016-та и истиот бил укинат и фрлен во подрум веднаш штом СДС ја добива власта и поставува свој кадар во клиниката. Сега е веќе јасно зошто бил исклучен системот за следење на терапијата, за терапијата да ја снемува, пациентите да се соочуваат со недостог или да примаат само физиолошки раствор, а ампулите кои чинат по илјадници евра да завршуваат на црниот пазар.

    Партијата прашува зошто откако се воведени скапите терапии кои чинат од 2.000 до 4.000 евра се појавува недостигот и кражбата на цитостатици и терапии за болните од канцер?

    -Зошто кадарот на СДС Нино Васев како директор на клиниката за онкологија го укинал КАТО системот за следење на терапијата и го вратил стариот систем кој е нетранспарентен и овозможува злоупотреби? Каква била улогата на економскиот директор Нехат Нухи, кадар на ДУИ во набавката цитостатици и креирањето на листата на пациенти и зошто тој не е заменет изминатиот период иако клиниката тонела во долгови? Кој дозволил медицинска сестра два пати да биде фатена во кражба на лекови од клиниката и истата да биде вратена на работа? Дали МВР и Обвинителство го забошотиле ова дело и го прквалификувале во побенигни дела за да се спаси од одговорност? Зошто Венко Филипче, но и неговите наследници Беким Сали и Меџити замижувале пред евидентните злоупотреби и прекршувања на клиниката за Онкологија за кои две години предупредуваат ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, медиумите, но и заводот за ревизија? Дали тоа значи дека овие први луѓе во здравството и нивните заменици свесно дозволувале криминал на грбот на пациентите болни од канцер? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Отаму прашуваа и зошто најмалку 6 месеци Оливер Спасовски и ОЈО не реагирале на очигледните прекршувања на Онкологија и со тоа дозволувале крадење и трговија на црниот пазар со цитостатици кои требало бесплатно да ги примаат пациентите?

    -Зошто толку долго им требало да покренат само предистрага? Од каде му се информациите на Ковачевски од предистрагата дека вмешаните во овој скандал биле од “мултикултурен” карактер? Дали  тој лично влијае врз истрагата и ја контаминира поради некои причини? Зарем граѓаните треба да веруваат дека истото обвинителство и истата власт кои ги забошотија истрагите за Беса транс, Дурмо турс и модуларната болница и кои прогласија продолжен кабел за виновник ќе спроведат од позиција на власт истрага и за овој скандал?

    Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека премиерот знаел за скандалот, но сега се правда.

    -Ковачевски лаже, суши. Тој многу добро знае дека за состојбите на клиниката за онкологија знаеле менаџерскиот тим и министрите кои ги именувал. Сите тие вклучително и тој се одговорни  за тоа како одредени пациенти мака мачат да ги добијат лековите кои за нив живот значат, додека за други ги имало под рака или ги добивале истите лекови кои бесплатно ги следат но на црн пазар. Овој монструозен скандал е многу повеќе од обична корупција која ја практикува власта на Ковачевски. Овде се работи за крадење од болните кои се борат за ден повеќе живот. И Бог, но и народот ќе им судат. Одговорност и кривична, но и политичка ќе има – додаваат од ВМЕРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img