More

    Пејачот и ѕвездата на „Игра на тронови“ се разведуваат

    spot_img

    Познатиот музичар Џо Џонас и актерката Софи Тарнер се разведуваат, пишува американскиот портал ТМЗ.

    Извори блиски до парот тврдат дека пејачот ги натерал своите луѓе да контактираат и да се консултираат со со најмалку двајца адвокати за развод од Лос Анџелес и дека е на работ да поднесе документи за да го прекине бракот со ѕвездата на „Игра на тронови“.

    Додека, пак, последната објава на Софи на Инстаграм датира од 14 август. Актерката објавила низа фотографии од концертот на нејзиниот сопруг.

    Извори велат дека имале сериозни проблеми во последните шест месеци. Наводно, во последните три месеци Џо речиси цело време се грижел за нивните две мали деца, дури и додека неговиот бенд бил на турнеја во САД.

    Дополнително, Џо е виден како не ја носи својата бурма, а неодамна ја продадоа својата луксузна палата во Мајами. Инаку, вилата ја купија пред само една година и ја продадоа доста брзо, за пристојна цифра.

    Инаку, тие двајца минатата година станаа родители по вторпат.

    „Џо и Софи со задоволство го најавуваат доаѓањето на нивното девојче“, изјавија тогаш претставниците на парот за американските медиуми.

     

    Овој познат пар ја има и ќерката Вила, која се роди во јули 2020 година. Славниот пар направи две свадби во 2019 година.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img