More

    Европските скијачки центри се загрозени од климатските промени

    spot_img

    Климатските промени ја загрозуваат иднината на европските скијачки центри, а новото истражување покажа дека дури и машините за вештачки снег ќе можат само делумно да го компензираат недостатокот на природен снег.

    Околу половина од европските скијачки центри се соочуваат со висок ризик од недостаток на снег доколку просечната глобална температура се зголеми за 2 Целзиусови степени, покажа истражувањето објавено во научното списание „Nature Climate Change“.

    Доколку температурата се зголеми за 3 степени овој век, 91 отсто од европските скијачки центри би биле изложени на ризик да немаат доволно снег за зимски спортови.

    А ако температурата се покачи за 4 степени, тогаш речиси на сите скијачки центри во Европа ќе им недостига снег.

    Речиси половина од сите скијачки центри во светот се наоѓаат во Европа.

    Истражувањето опфатило 2.234 скијачки центри во 28 европски земји.

    Доколку глобалните напори би го ограничиле зголемувањето на глобалните температури на 1,5 степени, како што е предвидено во Парискиот договор, само 32 отсто од скијачките центри би биле изложени на ризик од недостаток на снег, според студијата. Тој удел би се намалил на 14 до 26 отсто со користење на вештачки снег.

    Алпите би биле особено погодени, според проекциите од истражувањето.

    Со глобалното затоплување од 3 степени, ризикот од недостаток на снег без вештачки снег би бил 100 отсто на германските Алпи, 94 отсто во Австрија, 93 отсто во Франција и 87 отсто во Швајцарија.

    Доколку глобалното затоплување се ограничи на 1,5 степени, што според експертите е сè поневеројатно, ризикот од недостаток на снег на германските Алпи би изнесувал 20 отсто, во Австрија 7 отсто, во Франција 4 отсто, а во Швајцарија 5 отсто.

    Скијачките центри треба да инвестираат во машини за вештачки снег што ќе им овозможат сигурно снабдување со снег за дел од годината во некои области.

    Но, некои експерти забележуваат дека тоа ќе ја зголеми побарувачката за вода и електрична енергија и емисиите на стакленички гасови во скијачките центри.

    Авторите на истражувањето бараат да се преиспита дали некои региони треба да останат зависни од зимскиот спортски туризам, особено ако се има предвид големата потрошувачка на енергија и вода, кои и онака се дефицитарни во некои планински области.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img