More

    ЛАЖНАТА ВЕСТ ЗА НИКОЛОСКИ ДЕМОНТИРАНА

    spot_img

    По скандалот во кој се откри дека порталот „Фронтлајн“ на Џабир Дерала спонзорирал на Фејсбук лажни видео снимки со потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, со свој коментар се јави и уредникот на емисијата во којашто гостуваше Николоски и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот.

    Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.

    Во коментар на Фејсбук профилот „Мицко Кочи“, каде што со телефонскиот број на „Фронтлајн“ се емитува и се финансира манипулацијата на Дерала, новинарот Јовица Пауноски напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.

    „Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.

    Водителот и колумнист Богдан Илиевски познат во јавноста како Бетмен Велит прв откри дека од телефонскиот број на порталот „Фронтлајн“ се финансирало споделувањето на монтирано лажно видео од емисијата на Пауновски.

    „Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број. Го внесувам телефонскиот број на Вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер. Резултатот го имате во видеото. Мизерија“, напиша Илиевски, објавувајќи го видеото на кое се гледа дека медиумите на Џабир Дерала манипулираат и шират лажни вести од други профили на Фејсбук.

    Со реакција веднаш се јави и Џабир Дерала, кој, пак, тврди дека редакцискиот број бил злоупотребен за политичка кампања против ВМРО-ДПМНЕ.

    „Фронтлајн најостро ја демантира и ја осудува оркестрираната лажна вест дека нашата редакција го спонзорира или дека има каква било поврзаност со видео во кое Александар Николовски е изваден од контекст. Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна. Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација. Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека соговорникот на ТВ21, Николоски, е изваден од контекст, што исто така е за осуда. Ние такви сатирични видеа не продуцираме, ниту објавуваме, ниту спонзорираме. Немаме никаква врска со ова видео, ниту со Фејсбук страната за која се зборува во текстот на Лидер, Вечер, Нетпрес, Експрес, Курир и други, како и во Фејсбук објавите на Богдан Илиевски и функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Навредливиот тон на објавите нема да го коментираме, нека им служи на чест на авторите”, напиша Дерала.

    Илиевски повторно не остана должен и преку Фејсбук статус му појасни на Дерала како се одвиваат работите околу спонзорирањето објави на Фејсбук:

    „Како да демантираш нешто, кога си фатен ко Грк во апс? Никако. Ама Џабир проба. Па каже… ‘Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна’. Види баце, за да регистрираш број на Фејсбук, како што е регистриран вашиот редакциски број на сметката за спонзорирање партиска црна кампања на СДСМ, Фејсбук ти праќа ПОРАКА за верификација, ти праќа КОД, кој го внесуваш и со кој го врзуваш телефонскиот број за одредена корисничка сметка на Фејсбук. Во вашиот случај врзан за профилот ‘Мицко Кочи’ со кој плаќате ЦРНА КАМПАЊА а ла СДСМ на Фејсбук, притоа со лажни вести. Како да ти кажам, чим вашиот број е на тој буст-акаунт, YOU ARE BUSTED, FUCKERZ. Мада да, подобро да пробаш да демантираш ко Анѓушев, туку да ќутиш ко Филипче. Мизерија“, напиша Илиевски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img