Во Тетово сè уште има многу имиња на улици и училишта кои воопшто не се совпаѓаат со етничката реалност, каде што иако најголем дел од жителите се Албанци, тие сѐ уште носат имиња кои биле поставени за време на комунистичкиот систем, објави ТВ21.
Од Здружението на академици Албанци, кои заедно со општина Тетово пред локалните избори го промовираа проектот за промена на имињата, велат дека проектот го доставиле до општината во септември 2022 година, но сѐ уште не е преземена иницијатива.
Градоначалникот на Тетово чека Македонскиот катастар да ги запише новите улици, мостови и населби за потоа да почне да ги преименува.
– Во Тетово имаме поширок проект за именување на сите улици на Тетово… за жал овде чекаме студија која треба да ја направи Македонскиот катастар, која сѐ уште ја немаме. И натаму, во Тетово има многу улици, кои не се регистрирани и за да се именуваат, тоа е обврска на Општината. Тие мора да бидат запишани и оваа регистрација ја врши Катастарот“, вели Касами.
Касами вели дека доколку катастарот не направи такво нешто, се останува за следната година.