More

    Хилари ја зеде првата жртва – Од Мексико ураганот се движи кон Калифорнија

    spot_img

    Едно лице се удави синоќа во мексиканскиот град Санта Росалија, на источниот брег на полуостровот Долна Калифорнија, кога возило на петчлено семејство беше однесено во надојдениот поток. Спасувачките екипи успеаја да спасат четири лица, изјави Едит Агилар Вилависенсио, градоначалничка на градот Мулеже.

    Во Долна Калифорнија невремето донесе и обилни дождови и високи бранови, а постои и опасност од катастрофални поплави.

    Во САД, приближувањето на „Хилари“ ги принуди властите да откажат летови и спортски натпревари. Утринава максималните ветрови на ураганот беа 140 км/ч, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

    Се предвидува дека центарот на бурата ќе се движи во близина на западниот и централниот брег на полуостровот Долна Калифорнија во следните неколку часа, а потоа и низ јужна Калифорнија попладнево по локално време.

    Се очекува ураганот Хилари да ослабне и да премине во категоријата тропска додека да стигне до Јужна Калифорнија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img