Пожар избил вчера попладне во атарот на селото Славеј, општина Кривогаштани, од кој бил зафатен дел од археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во атарот на ова село – информира СВР Битола.
Притоа била опожарена дел од опремата за ископување која се користи во локалитетот, која била во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.