Дрон ја погоди железничката станица во Курск, во Москва затворение аеродромите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинско беспилотно летало го погоди западниот руски град Курск, изјави гувернерот на провинцијата, Роман Старовојт, а Москва повторно го одби напад со дрон, според официјални извештаи.

Според првичните информации, беспилотното летало удрило во покривот на зградата на железничката станица. Покривот се запали, а пет лица се полесно повредени од парчиња стакло – објави Старовојт на Телеграм.

 

Курск е центар на истоимениот регион на границата со Украина. Градот се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.

 

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рано утринава на Телеграм изјави дека беспилотно летало се обидело да прелета над главниот град во текот на ноќта.

Тој додаде дека противвоздушната одбрана го спречила тоа. Дополнителни детали, исто така, не беа достапни, а информациите не можеа независно да се проверат.

– Двата московски аеродроми, Внуково и Домодедово, привремено ги прекинаа полетувањата и слетувањата во текот на ноќта – соопшти градоначалникот на Москва.

Руската државна новинска агенција ТАСС исто така објави за прекинот на летовите од московските аеродроми цитирајќи претставник на службата за воздушен сообраќај.

- Advertisement -
Ad image

Украинските напади доаѓаат како одмазда за вчерашното руско ракетирање на украинскиот град Чернихив во кое беа убиени 7 лица, меѓу кои и едно 6-годишно девојче, а над 140 лица се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, најави дека украинските војници ќе и дадат „значаен одговор“ на Русија за овој терористички напад.

 

Москва неодамна во неколку наврати го ограничуваше воздушниот сообраќај поради напади со украински беспилотни летала. Последното беше во петокот наутро кога московските власти соопштија дека нападот со беспилотно летало бил одбиен недалеку од централната деловна област на градот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article