More

    Меси ја освои првата титула со Интер Мајами и воедно стана најтрофеен фудбалер во историјата

    spot_img

    Лионел Меси ја освои првата титула со Интер Мајами и воедно стана најтрофеен фудбалер во историјата. Интер Мајами ноќеска на пенали го победи Нешвил на гостински терен во финалето на американскиот Лига куп (1-1, 10-9 на пенали) и ја освои првата титула сезонава.

    За Лионел Меси ова е прв трофеј со неговиот нов клуб и вкупно 44-та титула во кариерата со што 36-годишниот Аргентинец стана најтрофејниот фудбалер во историјата.

    Како дел од Барселона, Меси освои 10 титули шампион на Шпанија, 7 пати беше победник на Купот и 8 пати победник на Суперкупот на земјата, 4 пати ја освои Лигата на шампионите, 3 пати Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

    Со ПСЖ, Меси двапати го освои францускиот шампионат и еднаш Суперкупот.

    Како дел од репрезентацијата на Аргентина, Меси стана светски шампион, победник на Олимпијадата и на Купот на Америка, како и победник на Финалисимо во 2022 година и на Светскиот куп за млади во 2005 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img