Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, на спектакуларен начин беше пречекан во Саудиска Арабија и поздравен со овации од над 60.000 навивачи на Ал Хилал.
Навивачите пристигнаа во Ријад на натпреварот помеѓу домашната екипа и Ал Феиха, но настан на денот беше пристигнувањето на големата фудбалска ѕвезда.
Разни светлосни ефекти, овации од трибините беа само дел од кореографијата за пречек на најплатениот играч во саудискиот фудбалски експеримент.
Нејмар излезе на теренот во синиот дрес со бројот 10.