Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се предаде во затворот во округот Фултон во Џорџија до крајот на следната недела, објави телевизијата Ен-би-си, повикувајќи се на три неименувани официјални лица.
Тие изјавија дека предавањето нема да се случи пред четврток и дека плановите се финализираат, но дека сѐ уште ништо не е официјално. Обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис пред неколку дена ѝм даде рок на Трамп и на неговите наводни соработници до следниот петок да се предадат.
Поранешниот претседател и неговите соработници се обвинети за обид да се поништат резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои Трамп загуби од актуелниот американски претседател Џозеф Бајден.