На автопатот Скопје-Куманово, на излез од Скопје, синоќа околу 20 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која загина едно лице, објави МВР во својот билтен.
„Џ.И.(20) од Скопје, со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С.(54) од с.Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Околу 21.40 часот Џ.И. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.