More

    Знаци кои укажуваат на недостаток на цинк во телото

    spot_img

    За да може нашето тело да функционира правилно, му требаат и доволни количини на минералот цинк. Дознајте кои се знаците на неговиот недостаток во организмот и која храна има најмногу од него.

    Минералот цинк е еден од петте најважни минерали за човечкото тело, заедно со железо, калциум, магнезиум и калиум. Има неколку важни улоги во телото. Меѓу другото, придонесува за когнитивните способности и меморијата и му помага на телото да го произведе важниот тироиден хормон Т3.
    Исто така, цинкот придонесува за подобро функционирање на имунолошкиот систем, клеточна делба, побрзо зараснување на раните и регенерација на ткивата, општ раст и развој на човекот, поради што е важно трудниците да консумираат доволни количини од овој вреден минерал.

    Остригите се еден од најдобрите извори на цинк, а содржат и многу селен, кој придонесува за синтеза на тироидните хормони. Со цел да внесете доволно количество на сите хранливи материи во вашето тело, правило број еден е да консумирате различни видови темнозелен лиснат зеленчук колку што е можно почесто.

    Различни видови житарки се исто така богати со минерали, а јајцата и алгите се одлични извори. Дополнителни количини на цинк може да се добијат и преку додатоци во исхраната.

    Иако на организмот не му требаат големи количини цинк, може да се случи тој да му недостига на организмот. Човечкиот организам нема способност да складира цинк во резерва, што значи дека е важно редовно да се консумираат доволни количини преку храната.

    Недостатокот на цинк може да се манифестира во форма на акни, егзема, сува, лушпеста кожа, себореичен дерматитис или алопеција. Може да се појават и неспецифични орални улцерации или бел слој на површината на јазикот.

    Може да се појават и респираторни и гастроинтестинални проблеми, губење на апетит, летаргија и опаѓање на косата, а раните побавно зараснуваат.

    Со оглед на тоа што цинкот добиен од месото многу поефикасно се апсорбира во организмот, на вегетаријанците им се препорачува да консумираат поголеми количини мешунки, соја, грав, јаткасти плодови и прехранбени производи од цело зрно, пренесува Запоџена.хр.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img