More

    Митрески од СДСМ ја повика опозицијата да гласа „за“ внесување на Бугарите во Уставот

    spot_img

    На денешната расправа на пленарната седница за уставните измени во Собранието збор зеде и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, кој ги посочи придобивките од усвојувањето на уставните измени.

    – Како земја ништо лесно не сме добиле, сме се изнамачиле за секое прашање, ниедна лесна битка не сме имале. Без разлика дали сме подзаборавиле, дали и младите се сеќаваат, сепак, повозрасните добро паметат дека сме создавале независна суверена Македонија, без буџет, без војска, без оружје, со инфлација. И за тогашните политичари или носители на функции за кои мора да признаам дека имале поголема политичка култура и храброст, сепак, на определени теми присутни беа истите обвинувања за наводни предавства. Но, времето потоа ја потврди исправноста на ваквите одлуки и потврди дека вистинскиот патриотизам е носење државнички одлуки. Може да зборуваме и за студентските протести во 1997 година, па и тогаш имаше патриоти и предавници. Може да зборуваме и за 2001, и за Охридскиот рамковен договор, ама и тогаш имаше наводни патриоти и наводни предавници. И за 2018 година, за Преспанскиот договор. Само потсетете се на сите овие теми и прашања од тој период – манипулации, невистини, лаги. Потсетете се на јазикот за употреба на јазиците. Знаете каква хистерија имаше на оваа тема? Знаете какви кампањи се водеа за тоа дека некој со сила треба да учи албански јазик. И што е точно од сето тоа? Буквално ништо! Лесно е да ја фрлиш искрата, да го запалиш огнот и да гледаш како некој друг гори. Лесно е да повикуваш на бојкот, да бојкотираш референдум, да глумиш патриот, а со самото гласање Северна Македонија да стане членка на НАТО го прифаќаш референдумското прашање. Лесно е, ама не е чесно – рече Митрески.

    Не вреди борбата за власт ако се загрози иднината на државата, додаде пратеникот.

    – Имаме одговорност за иднината на татковината и за граѓаните. Државата мора да оди напред, а неизвесноста да останува зад нас. Тоа им го должиме на нашите современици и на генерациите после нас за да ја градат својата иднина во својата татковина, а не во странство. Текстот на уставните измени е пред нас и јавно е достапен. Сега целата јавност може да се увери дека станува збор за измени кои и досега беа познати и со кои не се загрозува ниту едно македонско идентитетско прашање. Интервенциите се однесуваат на додавање народи во Преамбулата при набројување делови од народи. На предложениот текст никој нема забелешки. Го продолжуваме европскиот пат и ова е историска шанса за да влеземе во европското семејство до 2030 година. Граѓаните сакаат да сме полноправна членка на ЕУ, заради подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобри услови, економски напредок и владеење на демократијата. Граѓаните можат да видат дека нема ама баш никаков простор за загриженост. Со предложените уставни измени се зајакнува мултиетничкиот карактер и македонскиот идентитет. Ќе бидеме седнати на големата маса, ние ќе одлучуваме за нас, а не некој друг. Уставните измени се дел од преговарачката рамка за членство во ЕУ. Со внесувањето на дел од бугарскиот народ во Преамбулата јасно се разграничува дека се работи за 3.600 наши сограѓани со таква свест, за разлика од повеќе од милион наши сограѓани со своја македонска култура и меѓународно признат македонски јазик. Јасно станува дека македонскиот и бугарскиот се два различни народа – рече Митрески.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img