More

    Пуштена антидијабетна терапија, инсулински игли и сензори

    spot_img

    Пуштена е антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии. Тоа е она што го баравме. Сега се пушта последната терапија, бидејќи во меѓувреме, неделава, беше пуштена околу 95 проценти од терапијата, вели во изјава за МИА претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев.

    На 11 август од Министерството за здравство најавија состанок со претставници на Сојузот, но Велев вели дека очекува да ги повикаат секој момент.

    – Во меѓувреме, пуштаат антидијабетна терапија, заклучно со денеска комплет ја пуштаат цела, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени се реално. Тоа е работа на компаниите и на нивните ресурси за дистрибуција, очекуваме брза ефикасност – вели Велев.

    Останува отворено прашањето за тоа што ќе се прави со промената на системот за глукомери и ленти.

    – Тендерот е потпишан и за неколку недели, во најбрз можен рок, се очекува да се донесат 40.000 глукомери и 700 сензори за деца. Два сензора ќе бидат нови. Првпат во 30 години, државата воведува сензори за деца до 18 години. Секое дете до 18 години, слепи деца, како и оние со гестациски дијабетес ќе добиваат сензор. Тоа е промена. За седумстотини деца веќе нема да има боцкање на глукомер, туку ќе бидат со сензори – изјави Велев.

    Тој додаде дека бараат сите лица со дијабетес тип 1 да добијат сензори.

    – Владата веќе најави 570 дополнителни нови сензори. Одлука нема формална, но се најавени. Нас нѐ интересира сега акцискиот план за превенција на дијабетес, нѐ интересира за да може да почнеме со едукација. Имаме повеќе предизвици – протоколот да се смени што е изработен заедно со СЗО, претдијабетесот и дијабетесот да почнат да се третираат на примарно ниво, кај матичните доктори, а за инсулин, да се оди на терцијално ниво, на клиника. Другото да го работат матичните и дијабетолозите – појаснува Велев.

    Во однос на најавите за тужби поради доцнењето на терапијата, Велев рече дека е разговарано со адвокати како да се состават претставки до Министерството, додека се чека средбата.

    Димче Велев, фото МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img