More

    По катастрофалните пожари на Хаваите, шефот на агенцијата за управување со вонредни состојби поднесе оставка

    spot_img

    Шефот на агенцијата за итни случаи поднесе оставка по критиките дека предупредувачките сирени не биле активирани за време на катастрофалните пожари на Хаваите.

    Шефот на агенцијата за управување со вонредни ситуации на Хаваи, Херман Андаја, денеска поднесе оставка откако се соочи со критики поради тоа што не ги активирал предупредувачките сирени за време на катастрофалните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи.

    Андаја, кој немал претходно искуство во управувањето со вонредни состојби, ги наведе здравствените проблеми како причина за неговата оставка.

    Властите на Хаваи се на удар на критики поради справувањето со шумските пожари во близина на градот Лахаина на островот Мауи, кои досега однесоа 111 животи, а стотици луѓе се водат како исчезнати. Според жителите, многу смртни случаи можеле да се спречат со посоодветно постапување.

    Една од најчестите критики беше дека ниту една од 80-те сирени на островот не се вклучи за да ги предупреди жителите на опасност. Андаја ја бранеше одлуката во средата, велејќи дека сирените се наменети за цунами, а не за пожари.

    Според него, жителите на Хаваи се навикнати да се засолнуваат на повисоките места кога се огласуваат сирените за цунами, па затоа не биле вклучени за време на пожарите, рече тој. Тој, сепак, тврди дека јавноста била информирана и предупредувана на други начини, на пример со испраќање пораки на мобилни телефони и предупредувања на телевизија.

    Ниту еден од жителите на Лахаина кои разговараа со новинарите на британскиот Би-Би-Си во четвртокот не се согласува со тоа толкување. Повеќето тврдеа дека сирените може да ги предупредат луѓето за претстојната опасност во клучен момент.

    Кога пожарот беснееше на Мауи, многу жители на Лахаина беа во своите домови и без струја поради силните ветрови предизвикани од ураганот Дора, па многумина ги игнорираа предупредувачките пораки на мобилните телефони и телевизијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img