More

    Најмалку 10 лица загинаа денеска откако мал авион се урна на автопат во малезиската држава Селангор, северно од Куала Лумпур

    spot_img

    Најмалку 10 лица загинаа денеска откако мал авион се урна на автопат во малезиската држава Селангор, северно од Куала Лумпур.
    Во несреќата, освен шесте патници од авионот и двајца членови на екипажот, загинале мотоциклистот и возачот на автомобилот врз кој паднал авионот.

    Според Управата за цивилно воздухопловство на Малезија, авионот со шест патници и двајца членови на екипажот се урнал по полетувањето од меѓународниот аеродром на туристичкиот остров Лангкави на пат кон аеродромот Султан Абдул Азиз Шах во градот Субанг.

    Во соопштението се наведува дека контролната кула во Субанг забележала чад од местото на несреќата, но дека од авионот не бил испратен повик за помош, пренесува Си-Ен-Ен.

     

     

    Авионот паднал врз автомобил и мотоцикл, од кои секој превезувал по едно лице.

    – Форензичкиот персонал ги собира посмртните останки поради обдукција и процесот на идентификација – рече началникот на полицијата во Селангор, Хусаин Омар Кан, додавајќи дека Министерството за транспорт ќе спроведе истрага.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img