More

    Мицкоски ѝ порача на власта да најде решение за пензиите

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски негира дека опозицијата стои зад протестите на пензионерите.

    Мицкоски, на гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител, рече дека Владата треба сериозно да пристапи и да најде начин за барањето на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари.

    – Проблемот што е настанат, не е инстант, туку проблем кој се таложел изминатите пет-шест години. Како политичари мора да најдеме начин да се обединиме и да им овозможиме достоинствен пензионерски живот – рече Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека пензионерите не бараат планини, пентхаус, возила од стотици илјади евра туку тие бараат пристоен живот.

    Тој укажа на тоа да министерката се откаже од високата плата и да проба да живее со овие пари.

    – Еве јас баш би сакал да видам тој истиот владин претставник да го помине месецот, но и неколку следни месеци бидејќи претпоставувам има голема залиха позади себе оставено со 20 илјади денари месечно – посочи Мицкоски.

    Мицкоски заклучи дека најголемиот историски противник на пензионерите е токму оваа Влада на СДСМ и ДУИ, тој е непријателот.

    – Ако можеше Владата да најде начин за неколку месеци да исплати 180 милиони евра за проект каде не е буквално закована шајка, ако можеше минатата година да најави 200 милионска субвенција за фабрика која требаше да произведува електрични возила а освен дупката каде требаше да е темелот во технолошко индустриско развојната зона во Тетово нема ништо тогаш овие луѓе кои се наши родители, баби и дедовци на нашите деца треба многу посериозно да им се посвети и да пристапи кон решавањето на нивните проблеми – кажа Мицкоски.

    Прашан зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не поднеле иницијатива за враќање на платите на функционерите, Мицкоски рече дека тоа не е сторено затоа што нивните иницијативи никогаш не биле прифатени.

    – Искуството вели дека секогаш кога ќе се поднесе иницијатива од опозицијата, таа се одбива. За неколку месеци ќе имаме друга влада. Ќе предложиме закон за враќање на платите на функционерите – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img