More

    Нараквицата марка „H&M“ повлечена од пазарот во Србија

    spot_img

    Српското Министерството за трговија соопшти дека нараквицата со монистра H&M на затворање е повлечена од пазарот поради недозволено количество супстанца штетна за здравјето и животната средина.

    „Нараквиците содржат ниво на олово кое ги надминува дозволените вредности пропишани со регулативата REACH. Оловото е супстанца која претставува ризик за здравјето на луѓето и животната средина. Исто така, нивото на изложеност може да предизвика штета и на луѓето и на животните“, се вели на веб-страницата на Министерството.

    Од Министерството наведуваат дека повлекувањето е објавено во сите продавници и на веб-страницата на дистрибутерот.

    Станува збор за нараквици со монистра на затворање од марката H&M со идентификациски броеви: PN 1163609 O/N 498512, 433537, 498564, 433538, 482859.

    Како што е наведено, производот се продавал во машкиот оддел во продавниците на H&M во периодот од 28.12.2022 до 11.07.2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img