Општина Гази Баба на секое прваче ќе му додели еднократна финансиска помош од 3.000 денари – објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Општина Гази Баба ја реализира мерката за доделување на еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое семејство кое ќе има запишано прваче. Во услови на економска криза и сериозна инфлација како локална самоуправа преку доделување на директна финансиска помош даваме поддршка на семејствата кои имаат запишано прваче“ – напиша Стевковски.
Оваа мерка во учебната 2023/2024 година се реализира по втор пат. Градоначалникот на Гази Баба ги повика сите семејства од територијата на општината кои имаат прваче да поднесат барање за исплата на финансиската помош. За апликација потребни се следните документи: потврда од основно училиште, извод од матична книга на родени, копија од лична карта на еден од родителите и копија од трансакциска сметка – информира Стевковски.