Со прекин на телефонската мрежа и на интернетот се соочија утрово граѓаните низ целата земја.
Од Телеком пред 1 час објавија дека се соочуваат со технички пречки поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни и дека работат на отстранување на проблемите.
„Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите“, се наведува во кусото соопштение од Телеком објавено на нивната страница на Фејсбук.