Бил поранешен член на државната безбедност, политичар и познат бизнисмен. Два пати се обиделе да му извршат атентат, во 2002 и во 2015 година, а вчера го застрелаа во населбата Драгеловци во Софија. Алексеј Петров беше позната личност во Бугарија, а по првиот обид за атентат тој беше и под истрага.
Во 2002 година тој беше застрелан во градите и во ногата. Петров самиот вети 100.000 долари награда за информација за сторителот. Се смета дека престрелката е поврзана со борба за прераспределба на работни места во секторите обезбедување и осигурување. Да потсетиме, Петров беше и претседателски кандидат, но најдолго бил вработен во безбедносните служби.
Ко-основач е на осигурителните компании „Аполо и Балкан“ и „Спартак“.
Четири години бугарското обвинителство собирало докази дека Петров е водач на криминална група која рекетирала луѓе. Петров завршил во куќен притвор. Но, потребните документи не биле собрани и Петров не бил изведен пред суд, а Спедцијалниот суд во 2014 година ја прекинува истрагата.
Петров бил застрелан вчера со пушка, а на местото на настанот, близу жичницата на планината Витоша која се извива над Софија, полицајците затекнале и ранета жена.
На 29.10.2015 година, беше направен обид да се убие со фрлач на гранати кога Петров се возел во автомобил во близина на неговиот дом. Тој остана неповреден.
На 10 февруари 2010 година Петров е приведен и обвинет дека е водач на криминалната група „Октопод“, која се занимавала со рекет и изнуда. Ова беше најголемиот случај што го покрена МВР за време на првата влада на Бојко Борисов. На крајот, обвиненијата против Петров беа повлечени, а државата беше осудена да му плати оштета од десетици милиони лева нему и на „Лев инс“.
Непосредно пред неговата смрт, Алексеј Петров јавно се пофали дека учествувал во истрага за измама во осигурувањето во Италија, на која се жалеше осигурителната компанија „Лев инс“ што тој ја основа. Јавно пројави интерес да започне со работа во тајната служба.