More

    Царинска управа: Полски државјанин во црни ќеси сокрил девизи, спречен обид за нелегален изнeс на поголема сума албански леки

    spot_img

    Спречен обид за нелегално изнeсување на непријавени девизи во висина од 1.890.000 албански леки, што е околу 18 илјади евра, откако полски државјанин на излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

    Поради постоење сомнеж автомобилот со полски регистерски таблици и патникот кој патувал со сопатник се упатени на детален преглед при што под задните седишта во близина на отворот на резервоарот во црни најлон ќеси како и во личните работи во ранците се пронајдени 3.952.000 албански леки што е околу 38 илјади евра.

    Согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат да изнесат од државава до десет илјади евра, при што на двајцата патници им се вратени албански леки во вкупен износ од 2.062.000 леки или 20.000 евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувале документ се привремено задржани.

    Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок, а девизите согласно регулативата ќе бидат предадени на Народната банка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img