Обидот на леопард да фати лесен оброк тргна наопаку кога група од 50 павијани се здружија и тргнаа по предаторот.
Невообичаеното видео има повеќе од милиони прегледи на социјалните мрежи, а многу корисници ги пофалија малите животни за нивната храброст.
– Сфатив дека сум сведок на нешто несекојдневно – рекол сметководителот Рики да Фонсека (30) кој ја снимил неверојатната сцена додека бил на сафари во јужноафриканскиот национален парк Кругер.
Група туристи се наоѓале на југот од излетничкото место Шокване кога забележале машки леопард како лежерно се движел покрај патот каде што седела голема група павијани.
Фонсека првично мислеше дека нема шанси леопард да нападне група од речиси 50 павијани.
– Леопардот скришум исчезна во тревата покрај патот. Одеднаш излетал во обид да фати еден од павијаните кој не беше подготвен да регира – вели Фонсека.
Меѓутоа, група павијани се обединиле и веднаш го нападнале предаторот.
На видеото се гледа како леопардот по кратка борба бега во високата трева додека павијаните го бркале.
– Нападот го водеше еден кој веројатно е доминантен мажјак. Го касна и го удри леопардот – изјави пијанистката Мерве Мерсинлигил (38) која го сними второто видео од контранападот.