More

    Викендов нов африкански топлотен бран

    spot_img

    Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Викендов во некои делови од земјава температурата ќе достигне до 39 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    И метеопрогнозерот Славчо Попоски пишува дека под влијание на топла воздушна маса од Африка, времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, но додава дека в петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

    Овие температури не се екстремно високи, какви што имавме за време на првиот екстремно топол Африкански бран, но УВ индексот ќе има многу висока вредност и во следните денови ќе има вредност помеѓу 8 и 9, предупредува Попоски.

    Според податоците на УХМР, утре температурата ќе биде во интервал од 12 до 38 степени, в петок од 13 до 38, сабота од 14 до 39, в недела од 13 до 39, понеделник од 14 до 38 и во вторник од 13 до 37 степени Целзиусови.

    Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 14 до 22, а максималната од  29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

    И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img