More

    Тренчевска: Согласно новата методологија во 2022 година согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата, минималната пензија за септември ќе изнесува над 13.300 денари

    spot_img

    Минимална пензија од 18.000 денари? Тоа е нереално!

    Ова е категоричниот став на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, соопштен во изјавата по посетата на Центарот за дневен престој на стари лица во општината Чаир.

    Министерката ги коментираше состаноците со претставниците на пензионерските здруженија, кои бараат линерано зголемување на пензиите. На овие состаноци било договорено да се формира работна група за прашањето за минимална пензија, но и за одржување на стабилноста на Фондот за пензиско осигурување.

    Таа најави дека се очекува ново покачување на пензиите, согласно новата методологија во 2022 година согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата, минималната пензија за септември ќе изнесува над 13.300 денари.

    -Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од Државниот завод за статистика, врз основа на овие податоци ќе видиме колку ќе биде. Можно е 6, можно е повеќе од 6 проценти. Затоа реков одиме со изјави најмалку со 6 отсто, може  ќе биде и нешто повеќе, се зависи од статистиката, рече Тренчевска.

    Но, сигурно нема да се оствари барањето минималната пензија да биде 18.000 денари.

    – Секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско. 18.000 денари минимална пензија е нереално барање, затоа што минималната плата ни е 20.000 денари. Тоа би значело дополнително оптоварување на Фондот за пензиско и доведување во ситуација после три-четири месеци да се прашаме дали сите 330.000 пензионери ќе добијат пензија – изјави Тренчевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img