More

    Пожарникар подметнувал пожари на Мајорка, го снимиле со дрон

    spot_img

    Шпанската Цивилна гарда уапсила поранешен пожарникар под сомнение дека подметнал 5-6 пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., бил уапсен во понеделникот додека бил на боледување, пишува шпанскиот портал Ултима Ора.

    Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. Уапсениот пожарникар не знаел дека полицијата и претставници на Цивилната гарда го набљудуваат од горе со дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.

    Во областите Селва и Каимари на Мајорка во последниот месец регистрирани се 7 шумски пожари и пожари на земјоделско земјиште. Жителите живееле во страв бидејќи уште од почетокот знаеле дека пожарите се подметнати.

    Операцијата за откривање на пожарникарот-пироман траела 15 дена. Полицијата се посомневала во него бидејќи 61-годишниот Франциско секогаш бил тој што прв ги алармирал безбедносните служби за присуство на нов пожар. Во понеделникот дрон успеа да го сними моментот кога пироманот запалил фарма и се обидел да побегне со мотор, објавија шпанските медиуми.

    Пријавениот долго време работел како пожарникар, а откако бил отпуштен, работел во градежништво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img