Маж ја нападнал својата сестра во семејниот дом во Ѓорче Петров и ѝ се заканувал со нож, соопшти полицијата.
„На 14 август во 10.25 часот во СВР Скопје, 27 годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот брат Д.С., кој ѝ се заканил со остар предмет“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.