More

    Здравко Чолиќ имал афера со позната пејачка: „Ме искористи…“

    spot_img

    Здравко Чолиќ со години е познат како одлично момче и заводник, но не се препуштал лесно на романсите. Меѓутоа, во далечната 1973 година во Луксембург, каде што настапи на Евровизија и ја изведе песната Гори Ватра, имаше кратка врска со пејачката на познатата група АББА, Ани-Фрид Лингстад.

    Како што признал неколку децении по краткотрајната романса, Чола се чувствувал „користен како инстант супа“, пишува српски Блиц, цитиран од Индекс.

    „На Евровизија ја запознав Фрида од групата АББА, каде на друго место би се сретнал. Потоа дојде поканата за викенд. Изгледаше ветувачко, но по целата таа тридневна идила се чувствував потрошено како инстант супа. Го готвиш за пет минути, го јадеш топол и толку. И сè имаше: дрвена куќичка, камин, свеќи и цвеќиња, квадратни завеси и покривки, печена риба во фолија со бадеми и етерични масла…“, изјави тогаш тој.

    Потоа додаде:

    „Но, таа вистинска, единствена, луда страст што се случува меѓу маж и жена недостасуваше. Немаше спонтаност, па сè изгледаше како кога закажувате заеднички тренинг во теретана“, изјави тогаш тој.

    Но, Чола неодамна во едно интервју откри дека не е баш така.

    „О, тоа се машки финти! Жената не може да користи маж, тој секогаш ја користи“, изјави неодамна тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img