More

    Две прекршочни пријави заработи градоначалникот на Чаир

    spot_img

    Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска бил повикан на разговор во Полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир.

    – Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата „Бит Пазар“ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни казни, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир – рече Ганиу, во изјава за медиумите пред ПС „Бит Пазар“.

    На информативен разговор во полициска станица бил и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Сето тоа поради посетата на Албин Курти, при која не беа почитувани законите за протоколите за посета на странски гости, но и поради знамето кое се вееше на „Голема Албанија“ на собирот во Тетово.

    „Комунизмот не е мртов, тој е жив и нашите гувернери го одржуваат во живот заедно со Али Ахмети и Таравари. Ваквите обиди за заплашување и молчење, како во времето на комунизмот, воопшто не не плашат и продолжуваме со крената глава. Уште помалку нè плашат кога овие уцени и обиди за попречување на здружената опозиција доаѓаат од корумпираните и уценети владетели кои сега си ги бројат деновите на прсти. Времето на заплашување на Албанците, нивно апсење и носење во озлогласени полициски станици заврши, а овој ваш комунистички и титовистички режим наскоро ќе згасне со него. Вие продолжувате да бидете вазали на Белград, затоа што таму ќе завршите сите, а ние како опозиција се среќаваме со овој народ и се плашиме само од албанскиот народ“, вели Касами.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img