More

    Меџити: Брзата реакција на здравствените власти спречија експоненцијален раст на заразени со конго-кримска хеморагична треска

    spot_img

    Брзата реакција на здравствените власти спречија експоненцијален раст на заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ), рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести.

    Состанокот, како што соопшти Министерството за здравство, го иницираше Меџити, а на него се анализираше актуелната состојба со конго-кримската треска во земјата.

    Според министерот, здравствениот систем навреме и соодветно одговорил по детектирањето на првите случаи на оваа опасна заразна болест.

    – Министерството за здравство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија и со набавка на соодветна терапија, која и покрај реткоста, за 24 часа стигна во нашата земја – рече Меџити.

    Тој посочи дека останува во редовна комуникација и консултација со Комисијата за заразни болести, ИЈЗ, Инфективната клиника и доколку е потребно ќе бидат предложени соодветни мерки за подигнување на степенот на превенција на уште повисоко ниво.

    Министерот Меџити им се заблагодарил на сите здравствени работници кои го даваат максимумот да одговорат на потребите на пациентите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img