More

    Сите се воодушевени од нејзината природна убавина

    spot_img

    Регионалната јавност имаше можност во живо да ја види Кристи Тарлингтон (55) на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево, каде што беше почесна гостинка. Познавачите на модата од деведесеттите се уверија дека секој збор напишан за извонредната убавина на славниот супермодел е вистинит, а таа со годините станува се поубава.

     

     

    На објавената фотографија позираат супермоделот Кристи Тарлингтон, режисерот Денис Тановиќ и пејачот Боно Вокс со сопругата Али Хиусон на овогодинешниот Филмски фестивал во Сараево.

    Грејс Кодингтон, долгогодишната креативна директорка на американското списание „Вог“, еднаш за Кристи Тарлингтон изјави дека е „најубавата жена на светот“.

     

    Кристи е противник на естетската хирургија, а во неодамнешното интервју за магазинот „Мери Клер“ истакна дека повеќе сака вистинско човечко лице наместо она обликувано од хирург.

    – Жените кои избегнуваат такви работи – тоа се жените на кои навистина им се восхитувам. Сакам да го гледам вистинското лице. Лицето на некој што го живеел животот – рекла Кристи Тарлингтон.

     

    Нејзината природна убавина не избледува, а неодамна, заедно со другите топ модели од деведесеттите, позираше за септемвриското издание на „Вог“. Со овој потег легендарната четворка Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд и Линда Еванџелиста најавија големи планови – односно на 20 септември ќе почне да се емитува документарната серија за животите на познатите манекенки од деведесеттите.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img