Сообраќајната полиција во Србија од 1 септември ќе користи 60 камери при сообраќајни интервенции, благодарение на донација од САД, беше кажано денеска во Белград при примопредавањето на донацијата Службени возила без полициски ознаки кои се користат во сообраќајната контрола.
На примопредавањето на донацијата присуствуваа министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и американскиот амбасадор Кристофер Хил, кои изразија задоволство од досегашната соработка и најавија продолжување и во иднина.
Хил рече дека партнерството меѓу МУП на Србија и САД трае со децении и додаде дека овие камери за сообраќајните полицајци се добро прифатени во многу европски земји, особено во САД.
„Камерите се таму за да направат рамнотежа меѓу моќта на државата и моќта на поединецот“, рече амбасадорот Хил.
Според него, благодарение на овие камери работата на сообраќајната полиција ќе биде многу потранспарентна.