Крадците на дрва намерно палат шуми за потоа да ги купат опожарените дрвjа поевтино, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, на прашањето која е причината за пожарите во Македонија, Ангелов посочи дека за жал, тоа е човекот.
– Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири – рече Ангелов.
Директорот на ЦУК соопшти дека статистиките се алармантни, а пожарникарите секојдневно гаснат по 20 пожари.
– Во јули имавме 210 пожари, 60 беа ниска трева, а седум во јули влегоа во квалитетна шума и предизвикаа загуба. Досега имаме 223 пожари на отворено. Но, сега имаме многу подобра реакција, и сега имаме рана детекција, сега се нанесува тој почетен удар. Јас сум задоволен од храбрите пожарникари кои веднаш излегуваат на терен – заклучи Ангелов.