More

    Над 500 пожарникари ги гаснат пожарите на југот на Франција, што доведе до евакуација на неколку кампови со многу туристи

    spot_img

    Над 500 пожарникари ги гаснат пожарите на југот на Франција, што доведе до евакуација на неколку кампови со многу туристи, јави ДПА.

    -Голем пожар има во провинцијата Пиринеи-Ориентали – изјави министерот за внатрешни работи Гералд Дарманин, кој ги повика населението и туристите да бидат крајно внимателни.

    Распоредена е противпожарна бригада со 13 авиони, три хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари.

    Пожар избувна вчера меѓу градот Сен-Андре и познатото крајбрежно летувалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море, соопштија од противпожарните служби.

    Радио станицата Франс Блу, повикувајќи се на локалните власти, јави дека во пожарот се уништени 300 хектари главно ниска вегетација.

    Поради опасност од огнот кој се шири со голема брзина, евакуирани се три кампа со бројни туристи. Спортската сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињан, недалеку од границата со Шпанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img