Военото разузнавање на британското Министерство за одбрана ја објави најновата анализа за ситуацијата во Украина.Тие велат дека имало концентрација на руски воздушни активности кон југоисточна Украина во текот на изминатата недела, веројатно затоа што Русија ги фокусирала своите воени операции во областа.
-„И покрај напорите на Русија да ги намали капацитетите на Украина за воздушна одбрана, Украина останува значаен предизвик за руските воздушни и ракетни операции. Како резултат на тоа, руските авиони сè уште се ранливи на системи за противвоздушна одбрана со краток и среден дострел.
„Неможноста на Русија да ги пронајде и уништи системите за противвоздушна одбрана сериозно ги попречи нивните напори да добијат широка контрола на воздушниот простор, што пак значително влијаеше на нивната способност да го поддржат напредувањето на нејзините копнени сили на бројни фронтови“, се вели во анализата.