Легендарниот филм Пипи Долгиот Чорап е снимен во 1969 година, а најсилната девојка на светот ја играше шведската актерка Ингер Нилсон (64). Ингер имала десет години кога ја глумела Пипи, а ја избрале од дури 8.000 девојчиња. Иако оваа улога ја прослави, подоцна не и донесе голема корист. Имено, Ингер сакала да продолжи да глуми. Но, сите ја поистоветуваа со Пипи и таа не можеше да добие друга улога.
Таа одигра една од попознатите улоги во германската криминална серија Der Kommissar und das Meer, која се емитуваше од 2007 до 2018 година, пишува 24sata.hr.
Сепак, нејзините актерски ангажмани се повремени, а таа инаку работи како секретарка во хирургија во Стокхолм. Така подоцна се појави во популарното шведско реално шоу Kändisdjungeln, а во 2015 година го сними филмот The Here After.
Актерката еднаш размислуваше за фактот дека е сосема поинаква од ликот кој ја прослави.
– Пипи беше сосема поинаква од мене, јас бев повлечена девојка и по карактер поинаква од неа – изјави еднаш таа.