Мик Шумахер, синот на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, во јавноста се пофали со фотографија со својата нова девојка. Станува збор за Лајла Хасановиќ, девојка која живее во Данска, а потекнува од Босна и Херцеговина.
Мик, кој моментно е трет возач на Ф1 тимот на Мерцедес, го поминува одморот со Лајла, чии родители се од Сребреница, а денес живеат во Данска.
Лајла е родена во Данска, каде што ја започна својата кариера како модел. Пред четири години таа беше во финалето на изборот за Мис на светот во таа земја.
Лајла, која моментално живее во Копенхаген, има близу 200.000 следбеници на Инстаграм и често патува поради работа. На едно патување го запознала Мик Шумахер и оттогаш тие се неразделни.