More

    Промоција на нов роман од Лидија Димковска

    spot_img

    Новиот роман од Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, во издание на „Три“ ќе биде промовиран во четврток, во кафе-барот „Филхармонија“, со почеток од 19:30 часот.

    Промотори на романот се Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски.

    „Нејзините книги често ги следат внатрешните борби на поединецот кој во надворешниот свет трага по својот идентитет. Така и овој нејзин нов роман ни носи освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Ќе нè одведе до себеприфаќање, себепронаоѓање, пронаоѓање на домот. Роман потрага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот“, наведуваат издавачите во освртот за романот.

    Лидија Димковска е веќе докажана авторка на овие простори и надвор од нив. Двапати се има закитено со наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и со германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, со романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“ итн. Преведена е на неколку странски јазици со избори и засебни книги кои редовно наидуваат на позитивни критики и одгласи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img