More

    Синовите се срамат од голотијата на мајка им

    spot_img

    Поп-ѕвездата Бритни Спирс (41) заигра на шипка и на социјалните мрежи покажа како се забавува. Пејачката носела долна облека со дезен на леопард и долги ракавици, а сè надополнила и со црни чизми до колена.

    Со песната „Closer“ на бендот „Најн инч нејлс“, поп-ѕвездата се вртела на шипката, која за првпат ја користи.

    „Оваа шипка ја добив пред два дена и синоќа првпат ја пробав“, напишала во описот.

     

    Бритни го сподели видеото неколку дена откако порталот „Пејџ сикс“ објави дека неодамна повторно се поврзала со нејзините два сина, Шон Престон (17) и Џејден (16), на кои наводно им „било срам од нејзините секси објави“ на социјалните мрежи во минатото.

    Адвокатот на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, Марк Винсент Каплан, рекол дека тинејџерите биле во контакт со нивната мајка „веројатно пред неколку недели“.

    Меѓутоа, се наведува дека не знаел дали тие биле во контакт откако на почетокот на овој месец се преселиле на Хаваи со нивниот татко.

    Уште во август 2022 година, беше објавено дека Федерлајн тврдел дека Престон и Џејден не присуствувале на свадбата на нивната мајка со Сем Ашгари бидејќи биле разочарани од нејзините објави на Инстаграм.

    – Така одлучија. Поминаа неколку месеци откако последен пат ја виделе. Одлучија да не одат на нејзината венчавка – рекол тогаш Федерлајн.

    Потоа, Ашгари застана во одбрана на својата сопруга Бртини, објавувајќи на своите приказни на Инстаграм дека „тие ќе сфатат дека постапките на нивната мајка се безопасни и дека се израз на новопронајдената слобода“.

    Тој додаде дека не треба да се срамат, туку да се гордеат со неа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img