Лионел Меси се повреди и го напушти тренинг со Интер Мајами, соопшти „RMC Sport“. Аргентинецот се сопна и го повреди скочниот зглоб. Поради повредата, аргентинскиот ас мораше да го напушти тренингот.
– Да беше сериозно, сите играчи ќе беа шокирани, но, мислам дека е во ред – рече главниот тренер Тата Мартино.
На пет натпревари за тимот, 36-годишниот Аргентинец постигна осум гола во сите натпреварувања.
На 15 јули Интер Мајами го објави трансферот на Меси кој од Париз се пресели во САД. Тој потпиша со американскиот клуб до 31 декември 2025 година.
Утре, 16 август, Интер Мајами ќе се соочи со Филаделфија во полуфиналето на Лига купот.