More

    Сите зборуваат за чудната лепенка на раката на Меган Маркл

    spot_img

    Додека принцот Хари деновиве е во Јапонија на работа, неговата сопруга Меган Маркл беше „уловена“ во идеална есенска модна комбинација во близина на нивниот дом во Монтесито.

    Војвотката од Сасекс носеше едноставен аутфит, но составен од луксузни парчиња – од палто во кремаста боја од марката „Макс Мара“ до шал со дезен од брендот „Ермес“, па сè до затворени ниски сандали на француската модна куќа „Шанел“. Најскапото парче од сите беше чантата „Гојард“. Така Маркл излегла во комбинација чија вредност се проценува на повеќе од 4.500 евра.

    Сепак, не е тајна дека Меган носи и сака да носи луксузни парчиња. Војвотката е, всушност, инспирација за многу нејзини обожавателки, па облеката што ја носи често е многу барана. Но, еден детаљ забележаа сите – на левиот зглоб носела необична сино-бела налепница, што јасно се гледа на фотографиите кои ги објави „Пејџ сикс“.

    Станува збор за производот NuCalm Biosignal Processing Disc – алатка која треба да помогне во ублажување на стресот и подобрување на квалитетот на сонот. NuCalm го опишува дискот како „далечински управувач за мозокот“, а тоа се налепници за еднократна употреба кои доаѓаат во пакувања од 20 или 100 парчиња.

    Секој диск за обработка на биосигнали содржи електромагнетни фреквентни обрасци на ГАБА за да испорача чист биосигнал до вашето тело. Кога се става на внатрешната страна на левиот зглоб, на точката за акупунктура перикардиум – 6, дискот за обработка на биосигналот испраќа сигнал директно до перикардијалната обвивка, која е богата со автономни нервни влакна, кои потоа пренесуваат сигнали до вашиот мозок. Ова го започнува процесот на зголемена активност на нервот вагус. Ја забавува клеточната активност и „прекумерното палење на невроните“. Ова го подготвува телото да се опушти и го иницира процесот на „забавување на телото“, се вели во описот. Дискот се користи во комбинација со апликацијата и првенствено е насочен кон намалување на стресот и подобро спиење без употреба на таблети. Тоа е релативно нова технологија што ја користат американската војска и спортски тимови, но се користи и во медицинските терапии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img