Ќе има бугарска екипа во Македонија! Виктор Стојанов откри дека тимот е од Третата лига, а идната сезона ќе се вика „Јунак“

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ќе има бугарска екипа во Македонија! Ова во интервју за Ритнитоп.бг го откри Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“, кој вели дека клубот е од Третата македонска лига, но не го откри името за кое вели дека идната сезона ќе биде променето во „Јунак“.

– Да, можам да кажам дека веќе имаме тим! Процесот е тежок бидејќи не можам да одам во Македонија, испраќам луѓе кои ги водат преговорите, го фотографираат стадионот, се среќаваат со играчите, управата и тренерот. Имаме уште една средба следната недела. Законски, следната недела во тимското здружение ќе има наш претставник кој ќе биде директор, а досегашниот директор ќе стане заменик директор. Работите и чисто законски доцнат, бидејќи екипата е регистрирана како здружение, а не како компанија, но за Втората лига ќе треба да ја регистрираме како фирма – откри Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“.

Со ова само се потврдија сомневањата дека Бугари сакаат да влезат во македонскиот фудбал откако не им успеа намерата да го купат ФК Вардар.

Тој не сака а го открие клубот но вели дека се наоѓа близу границата со Македонија.

– Намерно нема да го кажам името на тимот, но е од третата лига исток, а седиштето на тимот е блиску до бугарската граница. Причината е лиценцирањето, не сакам да смислат нешто и да го избркаат од Трета лига и нашите напори да одат во отпад. Не дека и после тоа не можат, но ќе биде многу тешко и скандалозно – вели Стојанов.

Тој потенцира дека ќе го менувате ли името на тимот во иднина по примерот на албанските тимови во земјава.

– Да, но следната сезона ќе го промениме, бидејќи сега едноставно нема административно време да се случи ова и тимот ќе се вика „Јунак“ – објасни претседателот на Фондацијата.

Стојанов додава дека до овој момент немаат дадено пари за клубот, но дека ќе го поддржуваат финансиски.

– Не, не сме, но почнуваме да го поддржуваме тимот. Надоместокот за учество во Третата лига е 1.000 евра, околу 1.000 евра се гостински трошоци и од 13 до 15.000 евра за плати и бонуси на играчите – споделува тој

- Advertisement -
Ad image

Околку финансирањето на тимот, Стојанов открива дека ќе бидат користени средства до фондацијата, како и дека се во преговори со компании од Бугарија.

– Тимот ќе го финансираме со донациите на активистите на фондацијата „Македонија“. Наскоро ќе разговараме со разни спонзори од Бугарија, бидејќи ова е прва бугарска екипа во земјава по 80 години, а ќе бараме спонзори за кои е емотивно важно да има бугарски тим во земјата – продолжува Стојанов.

Според него, оваа сезона ќе атакуваат на Втора лига, но дека ќе биде тешко да го сторат тоа.

- Advertisement -
Ad image

– И да си прв во Трета лига, играш бараж за влез во Втора. Но, ние веруваме дека можеме да возвратиме и да се искачиме повисоко. Привлечевме силни фудбалери и во фаза сме на привлекување уште многу силни фудбалери, чие ниво е Втора и Прва лига. Еден од овие фудбалери е државјанин на Северна Македонија и има над 200 натпревари во Првиот ешалон – вели Стојанов.

Share This Article