Бразилецот по разделбата со ПСЖ реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и на тој начин направи уште еден спектакуларен трансфер во кариерата.
Прашање на време е кога Бразилецот Нејмар ќе стане член на Ал Хилал и со тоа ќе ги продолжи трансферите во Саудиска Арабија каде летово заминаа многу ѕвезди.
Иако официјалните детали се уште не се објавени, а бројките варираат во делот поврзан со бонусите, трансферот на Нејмар во Ал Хилал во основниот дел ќе изнесува 77,6 милиони евра.
Со ова Бразилецот стана првиот играч во историјата на фудбалот чиј збир на трансфери ја надмина неверојатната бројка од 300 милиони евра.
Прво се пресели од Сантос во Барселона за 50,8 милиони евра, а потоа постави апсолутен рекорд кој се уште стои кога од Каталонија премина во ПСЖ за 198 милиони евра.
На крајот, кога на тоа ќе се додаде споменатиот трансфер во Ал Хилал, се работи за вкупно три трансфери од неверојатни 326,4 милиони кои досега се потрошени за негово ангажирање.
Навистина неверојатни податоци.