More

    Орхан Муртезани од албанската партија Алтернатива порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“

    spot_img

    Орхан Муртезани од албанската партија Алтернатива порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.

    – Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи – рече Муртезани.

    Тој додаде дека претседателот Стево Пендаровски е албанофоб затоа што го нападнал косовскиот премиер Албин Курти.

    – Пендаровски сака да им покаже на Димитар Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека е лојален кон нив и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот – рече Муртезани.

    Посетата на косовскиот премиер ја одбележаа повеќе контроверзии, на што реагираше државниот политички врв.

    За време на настанот на кој улицата Прва македонска ударна бригада беше преименувана во Адем Демачи присутен беше Курти, а беа прекршени закони и протоколи за пречек на странски гости, не беше интонирана македонската химна, а наместо македонско знаме, се вееја само албански знамиња, како и знамето на т.н. „Голема Албанија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img