More

    Путин ја прекори Централната банка бидејќи рубљата го надмина нивото од 101 рубља за американски долар, обвинувајќи ја лабавата монетарна политика за нејзиното слабеење за дури 30% оваа година

    spot_img

    Економскиот  советник на претседателот Владимир Путин денеска ја прекори Централната банка бидејќи рубљата го надмина нивото од 101 рубља за американски долар, обвинувајќи ја лабавата монетарна политика за нејзиното слабеење за дури 30% оваа година.

    Рубљата, која изгуби околу една четвртина од својата вредност во однос на доларот откако Путин испрати војници во Украина во февруари 2022 година, денеска достигна 101,04 рубљи за долар, најслаб во последните 17 месеци.

    Економскиот советник на Путин, Максим Орешкин, за новинската агенција ТАСС изјави дека Кремљ сака силна рубља и очекува нормализација наскоро, интервенција што може да ја поттикне Централната банка да дејствува пред новата одлука за каматните стапки во средината на септември.

    -Главната причина за слабеењето на рубљата и забрзувањето на инфлацијата е лабавата монетарна политика. Централната банка ги има сите алатки за да ја нормализира ситуацијата во блиска иднина и да обезбеди намалување на стапките на задолжување на одржливи нивоа. Слабата рубља негативно се одразува на реалниот доход на граѓаните Во интерес на руската економија е да има силна рубља – истакнува Орешкин.

    Руската централна банка, која ги зголеми каматните стапки за процентен поен на 8,5% во јули, го обвини остриот пад на рубљата оваа година поради намалувањето на суфицитот на тековната сметка, кој се намали за 85% меѓу јануари и јули во споредба со истиот период минатата година.

    Во понеделникот банката објави дека не гледа ризици за финансиската стабилност поради слабеењето на рубљата и повторно сигнализираше дека наскоро е можно ново зголемување на каматните стапки. Во март минатата година рубљата изнесуваше рекордни 120 рубљи за долар. Пред војната, за доларот требаше да се издвојат околу 75 рубли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img