Регулаторната комисија за енергетика одлучија горивата од вечерва на полноќ ќе се продаваат по поскапи цени.
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари.
Цената на „еуросупер 98“од утре ќе изнесува 88,5 денари по литар, додека на „еуросупер 95“ ќе изнесува 86,5 денари по литар. Дизелот пак ќе се продава по цена од 81 денар.
За 1,5 денари се зголемува и цената на екстра лесното масло и ќе се продава за 80,5 денари по литар. За 0,8 денари посакапува и мазутот, и неговата нова цена ќе биде 46,6 денари.